Гвардиола разочаран: Во било кој друг спорт ние ќе победевме

Пеп Гвардиола беше видно разочаран откако поразот на пенали од Реал Мадрид го запре Манчестер Сити во новиот поход по тројна круна.

„Граѓаните“ имаа апсолутна доминација на теренот, 18-1 во корнери, 34-8 во шутеви кон голот, но се беше попусто кога едвај постигнаа еден гол, преку Де Бруине по грешката на Ридигер и четвртфиналето мораше да се решава во пенал-рулет. Во него прв промаши Лука Модриќ, но следеа промашувања на Бернардо Силва и на Ковачиќ на спротивната страна, што значеше елиминација на Сити од елитното европско натпреварување.

„Морам да им се заблагодарам на моите играчи од срце за начинот на кој играа. Имавме целосна доминација, но во фудбалот се бројат само победите, а ние не усепавме да славиме иако игравме извонредно. Во било кој друг спорт оваа доминација ќе значеше и победа, но за жал ова е фудбал и не успеавме да стигнеме до резултатот што го посакувавме. Му честитам на Реал Мадрид на пласманот во полуфиналето. Не жалам за ништо околу нашата игра, вистинска штета е што не стигнавме до триумф“, изјави Пеп Гвардиола.

Се вчитува...