Јокиќ по поразот од Лејкерси: Исто како и во коњските трки, не е важно како ќе почнеш, туку како ќе завршиш

од Vladimir Zorba

Научив од трките со коњи дека не е важно како почнуваш, туку како завршуваш. Денеска не завршивме добро, па се надеваме дека ќе завршиме подобра работа на следниот меч, изјави Никола Јокиќ по поразот на Денвер од Л.А. Лејкерс (119:108) во четвртиот натпревар од првото коло во плејофот на Западната конференција во НБА лигата.

Јокиќ забележа трипл-дабл од 33 поени и по 14 скока и асистенции.

„Тие одиграа добро во нападот, а од друга страна не ги погодивме ударите, што влијаеше на одбраната. Водиме со 3:1 и имаме шанса да се пласираме на следниот меч, дома“, додаде Јокиќ. .

Слични содржини