Трагичарот на Барселона налето ќе има нов клуб, веќе е познато и каде ќе ја продолжи кариерата

Уругвајскиот дефанзивец Роналд Араухо е трагичарот на Барселона, кој при водство од 1-0 на Каталонците против ПСЖ и предност од 3-2 од првиот натпревар, направи непотребен црвен картон и ја остави својата екипа со играч помалку на теренот. Потоа следуваше вистински потоп за Барселона и пораз од 1-4 од ПСЖ.

Натпреварите од Ла Лига до крајот на сезоната за него ќе бидат последни во дресот на Барселона бидејќи следната сезона ќе има нов клуб. Шпанските медиуми веќе објавија дека се започнати преговорите помеѓу Барселона и Баерн Минхен за неговиот трансфер.

Раководството на Каталонците се надеваше дека за него ќе добие 100 милиони евра, но Баерн Минхен е подготвен да плати помеѓу 65 и 70 милиони евра, сума што секако дека добро би ѝ дошла на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести