Куманово е на чекор од баражот за Втора лига, Шкендија Арачиново ќе се надева на „кикс“

Куманово после големата победа над Беса Влазрими во Слупчане е само на чекор од потврдување на баражот кој води кон можен пласман во Втората лига.

Лидерот во Трета лига Север на две кола до крајот Куманово има меч против некогашниот второлигаш Кадино на домашен терен и незгодно гостување кај Башкими Љуботен.

Шкендија Арачиново е на второто место со бод помалку, а за да може овој клуб да биде прв, ќе мора да се надева на „кикс“ на Куманово на овие два натпревари.

Шкендија Арачиново во следното коло ќе игра против Аеродром, а во последното коло ќе се соочи со Фортуна.

Уште две кола и со тоа ќе заврши сезоната во Трета лига – Север, а потоа ќе останат баражите за влез во Втора лига.

Александар Ванев, М-Нет