Иванов: Здравјето на граѓаните е приоритет на ВМРО-ДПМНЕ

Активностите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат понатаму. Денеска во населба Сењак , заедно со локалната комисја за здравство се организирање мерење на крвен притисок, и мерење на крвта на граѓаните. А во едно најавија и мини средба со граѓаните закажана во 20:00 часот за денес. .

„Денешниот настан во населбата Сењак, значи почнуваме со локланата комисија за здравство со мерење на шеќер во крвта, мерење на крвен притисок на нашите сограѓани, потоа продолжуваме во сите домови со населба Сењак. И вечерва во 20:00 часот имаме мини средба со нашите сограѓани„ изјави Иванов

Душко истакна дека платформата 1198 ја предвидува и доизградбата на КБ во Штип, која што била започната од нив, а истата стагнирала седум години.Исто така најави и 500 вработувања во здравствениот систем во државата

„Поточно во платформата ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе ја доизгради Клиничката болница во Штип, поточно КБ која опслужува околу триста илјади наши сограѓани од истокот. За жал мораме да констатираме дека ВМРО-ДПМНЕ ја започна имаше период од седум години каде што изградбата стагнираше и ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да ја заврши КБ во Штип и притоа најавуваме 500 плус 500 вработувања во здравствениот систем, поточно 500 вработувања на дефицитарни кадри во здравствениот систем во Република Македонија, и 500 вработувања или работниот однос на луѓе кои што работат на клиничките центри, и не е регулуран, ќе биде регулиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ„ посочи Иванов

Во периодот кој што следи за 8 мај се најавени и вториот круг претседателски и парламентарни избори. Во трката за претседател на државата се борат проф Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ како и кандидатот Стево Пенадаровски од СДСМ.

Лаура Стојанова М-Нет