Утрински Весник
Спорт

Дурент со 23 поени дебитира за Феникс

Дурент со 23 поени дебитира за Феникс
Ss2

Кевин Дурент изминатата ноќ дебитираше за Феникс Санс. Со него во тимот Феникс топ фаворити за шампионската титула.

dobivaj vesti na viber

Тимот од Аризона ги совлада Хорнетс во Шарлот со 105:91, а Дурент постигна 23 поени (10-15 од поле) и 6 скока. Најефикасен беше Девин Букер со 37 поени (15-26 од поле), а Деандре Ајтон имаше 16 поени и 16 скока.

Ss1



На Истокот, Милвоки Бакс ја продолжија победничката серија. Милвоки ја забележа 16-та последователна победа, славеа над Орландо со 139:117. Јанис Адетокумбо постигна 31 поен, Џру Холидеј уфрли 23.

Бостон го победи Кливленд со 117:113 предводен од Џејсон Тејтум, кој постигна 41 поен (13-21 од поле), 11 скока и 8 асистенции. Ова беше 20. натпревар на Тејтум со 40 поени плус. Џејлен Браун постигна 16 поени (6-15 од поле), а Маркус Смарт 14 (3-11 од поле).

На Кавси не им помогна ниту брилијантната партија на Донован Мичел со 44 поени (17-32 од поле), Дариус Гарланд додаде 29 поени (12-21 од поле) и 9 асистенции.



Брендон Инграм постигна 40 поени во триумфот на Њу Орлеанс во Портланд 121:110. Поранешниот играч на Портланд Си Џеј Меколум мечот го заврши со 24 поени. Кај Блејзерс се истакмаа Демијан Лилард со 41 поен и Џереми Грант со 28 поени.

Џејлен Брансон ги предводеше Њујорк Никс до победата над Бруклин Нетс од 142:118, а
Зек Лавин постигна 41 поен (14-20 од поле) во победата на Чикаго над над Детроит од 117:115. На Пистонс не им помогна ниту одличниот Бојан Богдановиќ со 34 поени.

Ss1

Можете да прочитате

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Борусија Дортмунд си обезбеди место во ЛШ во наредната сезона

Шкендија ги искористи киксовите на Струга и Шкупи да им се придружи на врвот