Поврзете се со нас

Англија

Салах по караницата со Клоп: Ќе има пожар ако зборувам денеска (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Мо Салах беше видно незадоволен од одлуката на Клоп да го држи на клупа до 79-та минута, посебно во ситуација кога Ливерпул денеска имаше една од последните шанси да се врати во трката за титулата.

„Црвените“ заборавија да победуваат и денеска ремизираа само со Вест Хем, а нервозата која ја покажаа Клоп и Салах крај аут линијата најдобро покажува дека атмосфера не е баш најдобра во Ливерпул.

Распад-систем: Клоп и Салах се „зајадоа“ крај аут линијата, Дарвин во улога на миротворец (Видео)

Тимот доживеа страшен пад во најважен дел од сезоната и елиминациите во ФА Купот и Лига Европа влијаеја негативно врз тимот, кој сега полека се предава и во Премиер лигата.

Сосема очекувано, новинарите бараа одговори за неочекуваниот инцидент по крајот на мечот, а се појави и видео на кое се гледа како Мо ги одминува преставниците во микс-зоната со следната порака:

– Ќе има пожар ако зборувам денеска…….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни