еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Tетовец измамен за 21.000 евра, уплаќал пари во фирма од Германија за роба

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот регион пријавил измама во која дал пари на странска фирма за набавка на роба, па открил дека е измамен по информација од германски служби. Тој нарачувал преку интернет.

– На 23.04.2024 година во 11.30 часот во СВР Тетово, Б.Ф. (29) од тетовско, сопственик на правно лице, пријавил дека од 23.03.2024 година до денот на пријавувањето бил измамен од странска фирма за продажба и компанија за транспорт.

Според пријавеното, тој преку интернет порачал роба за потребите на неговата фирма, за која преку банкарски трансакции во неколку наврати платил околу 21 илјада евра, но на 17.04.2024 година од компанијата за транспорт го известиле дека нарачката била блокирана во Германија.

Како што е пријавено, Б.Ф. стапил во контакт со надлежна служба во Германија, од каде му било кажано дека кај нив нема регистрирано таква стока, по што сфатил дека е измамен, информира СВР Тетово.

Тетовската полиција работи на расчистување на случајот.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Со „паметни очила“ се открива корона вирусот во Кина

Редакција

Две фирми на внукот на Ахмети добиле над 80 илјади евра од Фондот за иновации и технолошки развој

Редакција

Заев почна да го користи името Република Северна Македонија

Редакција