Дарио е со „врзани раце“ – Нов хит на популарниот пејач

98

„Врзете ми ги рацете” пее популарниот Дарио Панковски со што ги освои многубројните македонски топ-листи. Тоа е неговата нова песна, зад која како комплетен автор се потпишува Кристијан Габроски или некогашниот Ристо Бомбата.

Додека ја слушате песната имате искрено чувство дека Дарио се пронајде во неа, со се интерпретацијата со која може секогаш да биде горд. Гласот го држи, а и стасот, годините не му можат ништо. Секогаш модерно и интересно облечен со модерни видеоспотови.

Во новата песна се зборува за тажната љубов, која кога ќе ја изгубиме, се каеме, бидејќи пред тоа не знаеме или не сакаме да си го почитуваме партнерот.

Да се обложиме дека и оваа песна со Дарио многу долго ќе трае. Неговите музички нумери се такви: ја имаат онаа нота со која необјасниво ги привлекуваат слушателите. И потоа песните му стануваат евергрини. Многу се такви кои Дарио ги има во својата богата пејачка кариера. Едно од нив секако дека ќе биде и оваа „Врзете ми ги рацете“.   Д.М.