Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино

Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.

Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.

Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.

Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.

Текстот Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино е превземен од МАКФАКС.