Вонредно метео известување: Обилните снежни врнежи продолжуваат и вечерва

0
169

Вечерва врнежите од снег кои ја зафатија нашата држава ќе продолжат и ќе се интензивираат насекаде. Насекаде се очекува формирање на снежна покривка (на пониските места таа понекаде ќе достигне и до 20 сантиметри, понекаде дури и повеќе, а на Скијачките центри и на другите планини и до половина метар и ќе биде идеално за скијање. Во втората половина од ноќта врнежите ќе се преместуваат кон исток, но ќе дува силен северен ветер (локално и повремено со брзина од дури 90 км/час, со што се можни дури и штети поради очекуваниот силен северен ветер. Во понеделник наутро многу студено, понекаде температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени, со што ќе има појава на силен мраз, стои во објавата од метеопрогнозерот Славчо Попоски.