Кошаркарите на МЗТ Скопје одат по втора победа во АБА лигата иако квотите ја фаворизираат Мега

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва од 21 часот во СЦ „Јане Сандански“ играат против Мега во рамки на осмото коло во АБА лигата.

Металците по седум кола имаат само една победа и шест порази и се наоѓаат на последното место на табелата, па поради тоа квотите го фаворизираат српскиот тим.
МЗТ Скопје и Мега досега имаат одиграно десет натпревари меѓу себе во АБА Лигата и поуспешен е српскиот тим кој има седум победи и три порази.

Последните два дуели кои се играа пред пет сезони, му припаднаа на српскиот тим и тоа со 106:77 и 92:76. Последната победа, МЗТ Скопје над Мега ја оствари на почетокот од 2017 година кога пред своите гледачи славеше со минимални 75:74.

Хендикеп за македонскиот шампион ќе претставува и неиграњето на репрезентативецот Андреј Магдевски, кој пред два дена спогодбено го раскина договорот со МЗТ Скопје.

Но, и покрај тоа, тренерот Александар Петровиќ, најавува игра на победа.

„Играме против најмладиот тим чие најсилно оружје е трчањето и скокот. Добро го знаеме ривалот, кои се нивните добри и лоши страни, а кои ќе се обидеме да ги искористиме. За тоа ни треба голема поддршка од трибините, поради што ги повикувам навивачите да дојдат во што поголем број и повторно да бидат нашиот шести играч“, вели Петровиќ.

Вечерва игра и женската кошаркарска репрезентација во рамки на квалификациите за пласман за ЕП 2023 година. Противник на кошаркарките е селекција на Германија која е апсолутен фаворит за победа, според квотите во Sport Life.

Натпреварот ќе се игра од 19 часот во СРЦ Кале, а кошаркарките ветуваат дека ќе сторат сè за да го поправат впечатокот по убедливиот пораз од Белгија во четвртокот.

„Не чека уште еден тежок натпревар. Добро сме запознати со квалитетите на селекцијата на Германија и нивните играчи поединечно. Но мислам дека стилот на нивната игра повеќе ќе ни„легне“ во однос мечот со Белгија. И затоа се надевам дека ќе се покажеме во подобро светло на вечерашниот натпревар. Доволно сме мотивирани и сакаме, колку што можеме, да го подобриме впечатокот на нашата репрезентација по катастрофалниот пораз против Белгија. Ние ќе дадеме се од себе, а јас сакам да ја повикам јавноста да дојде веерва на натпреварот во Кале. Да ни даде поддршка и да ни помогне, и ако не направиме изненадување, она резултатско, односно да победиме, ако ништо друго да покажеме една добра игра која ќе ги задоволи нивните барања“.

- Оглас -

Најнови вести