За прв пат, генетски модифициран бубрег на свиња е трансплантиран на човек.

236

Самата операцијата претставува голема пресвртница.

62-годишен маж со краен стадиум на бубрежна болест стана првиот човек кој добил нов бубрег од генетски модифицирана свиња, објавија во четвртокот лекарите од Massachusetts General Hospital во Boston.

Четиричасовната операција на трансплантација, извршена на 16 март, „означува голема пресвртница во напорите органите да се направат полесно достапни за пациентите“, се вели во соопштението на болницата.

Свинскиот бубрег е обезбеден од eGenesis, од Cambridg, Massachusetts.