Утрински Весник
Македонија

Зајкова: Гласот ЗА Коалицијата за Европска Македонија е глас за зачување на темелите на државноста и демократските вредности

Monika Za Kova Ie 1 2.jpeg

Гласот ЗА Коалицијата за Европска Македонија е глас за зачување на темелите на државноста, демократските вредности, единството, стабилни етнички односи, безбедна и европска иднина на Македонија, порача вечерва во Македонски Брод претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

Таа, пристуните ги повика на осми мај да излезат во што поголем број и со заокружување на бројот еден на парламентарните и претседателските избори да ја обезбедат европската иднина на државата.

„И затоа од овде, од Македонски Брод, ве повикувам сите вас, ги повикувам сите граѓани, масовно излезете на гласање во среда и гласајте ЗА европска иднина, гласајте за европски стандарди и вредности. За иднината се работи. Изборот е еден, а вие го имате најмоќното оружје- правото на глас. Затоа дадете го вашиот глас за бројот еден затоа што се работи за сите нас, за нашата Македонија“ повика Зајкова.

Можете да прочитате

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Вработен во МВР фатен со мито од 12.500 евра

Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата, во спротивно ќе има проблеми во односите и со Грција и со Европа