Се огласи Зоран Заев: Ако се грижите за сопствената македонска земја, СДСМ се единствениот избор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во ек на политичката кампања, се огласи поранешниот премиер Зоран Заев, кој даде поддршка за СДСМ.

„Да гласаме сите за европска иднина! Ако се грижите за сопствената македонска земја, ако си го сакате својот народ, ако верувате во европскиот пат на татковината, ако не сте подготвени да се предадете и откажете од иднината, СДСМ и коалицијата за европска иднина се единствениот избор!

Немаме ние нови години за губење од оние кои божем Македонија ќе ја направеле ГОРДА, а истите тие цели 11 години ја правеа ГРДА.“, напиша Заев.