Бен Афлек си ја избричи брадата: „Не личи на себе“

Мажите често се жалат на жените дека изгледаат поинаку без шминка, но тие се сосема други луѓе со и без брада. Пример за ова сега е Бен Афлек. Актерот беше на кошаркарски натпревар во Лос Анџелес со сопругата Џенифер Лопез.

Тој ги привлече сите погледи со својот нов имиџ. Бен ја избричи својата заштитна брада, оставајќи ги фановите ширум светот разочарани.

„Драг Бен, што си направил со лицето?“, „Не личиш на себе“, пишуваат на социјалните мрежи.

Scroll to Top