Поврзете се со нас

НБА

Ветеранот се „исклучи“: Беверли удри со топка навивачка на Индијана (ВИДЕО)

Објавено

на

Милвоки Бакс загуби од Индијана Пејсерс и со тоа ја заврши оваа сезона и тоа со елиминација во првата плејоф рунда во источната конференција.

„Елените“ имаа многу пехови, целата серија ја одиграа без Јанис Адетокумбо, па некои други момци требаа да ја носат екипата, преземат поголема одговорност.

Голема минутажа на сите натпревари доби ветеранот Патрик Беверли на кого тешко му падна поразот, па во финишот на мечот се исклучи кога беше јасно дека се е готовори.

Тој удри со топка навивачка на Индијана Пејсерс, а кога топката му беше вратена повторно ја испрати на трибините, потег за кој сигурно ќе добие суспензија, нешто во што е убеден и легендарниот Чарлс Баркли.

-Не се грижите, тоа не е ништо, -порача Патрик кој во јули ќе го прослави 36 роденден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни