Ордановски: Сега следува матемиката за вториот круг и парламентарните избори, разликата е голема, но не е некоја фантастична цифра

„Иако поразот на СДСМ е многу голем, и победата на ВМРО-ДПМНЕ е исто така многу голема, таа не е голема во некоја фантастична цифра, сме имале и поголеми претседателски победи. И ќе видиме во вториот круг тоа како ќе биде. Можеби ќе достигнат една цифра, меѓутоа реално СДСМ потфрли. Таму има уште едно крупно потфрлување, а тоа е на Левица, и мислам дека тоа е многу интересна приказна, за која не дека некој е изненаден“ рече уредникот и колумнист Сашо Орданоски на интервју на Слободен печат.

Тој додаде дека изненадување на вчерашните избори е и Максим Димитриевски со бројот на освоените гласови.

 

Во однос на вториот круг и почнувањето на нула, во однос на Пендаровски, Орданоски смета дека тој може да направи подобар резултат.

„Бидејќи се споени вториот круг претседателски избори и парламентарните избори сега доаѓа доминантно математиката, бидејќи партиите сега мораат математички да се пресметаат со ова одмерување на силите, кое нема да се преслика и на парламентарните избори“ потенцираше Орданоски.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close