Премиера

Емотивно и тешко… Гиговска ја промовираше најновата „Мразам што те сакам“ (Видео)

За својот 23-ти роденден, познатата пејачка Антонија Гиговска реши својата публика и фанови да ги изненади со емотивната балада „Мразам што те сакам“. Песна која многумина ќе ги извади од колосек и ќе ги потсети на она што некогаш го имале.

„За мојот 23-ти роденден, сакам да ви ја подарам мојата омилена балада што стоеше во фиока од 2021 година. Ви ја должев, нели“, напиша Гиговска постирајќи го видеото како најава за новата песна.

Песната е дело на Лазар Цветковски, додека текстот го има напишано Тајзи. Видеото пак е дело на Александар Спасенцовски.

Кому му е посветена оваа песна сеуште не знаеме, но едно е сигурно, Гиговска во 2021-та година беше во романтична и љубовна врска со сега веќе бившото момче, Иван Јованов од „Либеро Бенд“.

Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира: