Гвардиола не сака да го задржи: За еден фудбалер вратите во Манчестер сити и дефинитивно се затворени

Манчестер сити веќе размислува за ростерот за следната сезона, а според англиските медиуми, за еден фудбалер повторно ќе нема место на „Етихад“. Се работи за португалскиот интернационалец Жоао Канселао, кој во моментов е позајмен во Барселона.

Пеп Гвардиола го купи од Јувентус за 65 милиони евра, но тој никогаш не ги исполни очекувањата. Каталонскиот тренер не е задоволен од неговото залагање во дефанзивата иако игра добро во офанзивата. Раководството на Граѓаните размислува за позајмица или за продавање, иако Барселона е заинтересирана да го ангажира, сепак, проблем може да биде финансиската состојба кај Каталонците.

Сепак, и навивачите на Барселона не се задоволни од прикажаното и бараа тој да биде ослободен од обврските, но раководството и тренерот Чави Ернандес не мислат така и сакаат да го задржат Канселао во своите редови.

- Оглас -

Најнови вести