Во „Три шешира“ на Скадарлија масата на која секогаш седел Тито и денеска е најдолга

4025

Денес сместена меѓу булеварот „Деспот Стефан“ и улицата „Француска“ во строгиот центар на Белград, улицата постои уште од 18 век, поточно од 1720 година. Но, „Скадарска улица“ во планот на Белград е вцртана дури во 1854 година. Името што го носи до ден денес го добила во 1872 година. Скадарлија ги одушевила истакнатите светски личности кои ја посетиле. Низ неа прошетале Кралицата Елизабета II, шпанскиот крал Хуан Карлос и кралицaта Софија, Џорџ Буш Постариот, глумците: Џина Лолобриџида, Берт Ланкстер, Софија Лорен, потоа режисерот Никита Михалков, пејачката Тина Тарнер.

 

Велат дека ако не си седел или барем прошетал низ Скадарлија, исто како да не си бил во Белград. Нема кој не знае за овој култен боемски кварт, без разлика дали некогаш газел по неговата калдрма или не.

Но, на малкумина им е познато дека улицата „Скадарска“, по која целиот кварт го добил името, има долга историја. Денес сместена меѓу булеварот „Деспот Стефан“ и улицата Француска во строгиот центар на Белград, улицата постои уште од 18 век, поточно од 1720 година. Но, „Скадарска улица“ во планот на Белград е вцртана дури во 1854 година. Името што го носи до ден-денес го добила во 1872 година.

Освен што е најомилена белградска улица, таа е уникатна уште по една работа. Како што пишува Дневно.рс, за разлика од многу улици во Белград кои имињата ги менувале по неколку пати, Скадарска го сменила само еднаш, за време на австро-унгарската окупација во Првата светска војна.

Тогаш името и е сменето во „Ружина улица“. Но тоа било само на кратко. Веднаш по ослободувањето, вратено и е старото име кое живее до денес.

-Скадарлија, долга неполни 600 метри, го привлекува вниманието на секој турист кој доаѓа во нашата престолнина. Синоним е за добри ресторани и кафеани кои го чуваат стариот дух на престолнината, наменета е за луѓето кои сакаат да уживаат во опуштена атмосфера, во кафеанскиот живот и во добрата храна. Во неа ноќите секогаш се весели и бурни, пишува Дневно.рс.

Порталот наведува и дека меѓу првите гости кои биле редовни посетители се вбројуваат писателите Ѓура Јакшиќ, кој и живеел на Скадарлија, Милован Глишиќ, Бранислав Нушиќ, Стеван Сремац, Јанко Веселиновиќ, Борисав Станковиќ, Алекса Шантиќ… Често доаѓале и Лаза Костиќ, Јован Јовановиќ Змај, како и многу уметници, меѓи кои и познатиот вајар Иван Мештровиќ.

Во прочуената кафеана „Три шешира“ претседателот на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито, имал своја маса и секогаш кога доаѓал седел на неа. Таа и денеска е најдолга во „Три Шешира“.

Скадарлија ги одушевувала и истакнатите светски личности кои ја посетиле. Низ неа прошетале Кралицата Елизабета II, шпанскиот крал Хуан Карлос и кралицaта Софија, Џорџ Буш постариот, глумците Џина Лолобриџида, Берт Ланкстер, Софија Лорен, потоа режисерот Никита Михалков, пејачката Тина Тарнер.

Славниот белградски кварт Скадарлија, констатира Дневно.рс, дефинитивно е волшебна оаза која ја претставува душата на престолнината во која сите, и домашни и странци, редовно се враќаат.

Скадарлија има посебен шарм затоа што делумно го зачувала амбиентот на старата традиционална градска архитектура, вклучувајќи ја архаичната урбана организација ,и е позната како боемска четврт на Белград, слично на парискиот Монмартр. Скадарлија е заштитена со закон како загрозена културна-историска четврт уште од 1967 година.

Скадарлија всушност е поранешна општина во Белград и поширок кварт кој опфаќа 20-тина соседни улици.

По Калемегдан, Скадарлија е втората најпосетувана туристичка атракција во Белград и придонесува за една третина од туристичкиот приход во земјата.