Веќе нема дилеми: Елмас и во следната сезона ќе игра во ЛШ

Елиф Елмас и во следната сезона повторно ќе игра во фудбалската Лига на Шампионите, откако Лајпциг и математички го обезбеди пласманот во елитното европско натпреварување.

Елмас и соиграчите тоа го сторија воопшто не излегувајќи на терен, туку благодарение на Борусија Дортмунд. Имено, „милионерите“ со синоќешната победа над ПСЖ го осигураа второто место на Германија за ранг-листата на УЕФА, што е многу значајно бидејќи  носи и дополнително место во Лигата на Шампионите.

Така, Германците ќе имаат пет претставници во новиот формат на ЛШ, а со оглед на изгледот на табелата, и математички беше потврдено дека Борусија Дортмунд и Лајпциг се недостижни ривалите, па ќе им се придружат на Баер Леверкузен, Баерн Минхен и на Штутгарт во елитното европско натпреварување.

Се вчитува...