20 Април, 2024
1.4595

НА ОГЛАС СЕ БАРААТ ДВАЈЦА ДИРЕКТОРИ НА ВАЖНИ ИНСТИТУЦИИ - ќе се пријават ли Симовски и Младеновска и кој ќе биде владиниот избор

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Имаат рок да се пријават на владиниот оглас најдоцна до 8 февруари, а треба да исполнат одредени општи и специфични услови, но затоа ќе земаат сосема пристјни директорски плати утврдени согласно со владиниот коефициент.

Владата преку оглас бара двајца директори на многу битни државни институции, и тоа првиот на Државниот завод за статистика, додека другиот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Како што стои во првиот јавен повик, Владата планира да именува директор на Државниот завод за статистика, за време од четири години, со право повторно да биде именуван.   

Во својот оглас Владата навела и услови што треба да ги исполнуваат кандиатите што ќе се пријават, и тоа, да бидат државјани на земјава, со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, да имаат стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен образование, најмалку пет години работно искуство, да поседуваат еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години, и тоа ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода илиАПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (Б2).

Во огласот се наведува дека коефициентот за пресметување на плата е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата, а рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена, односно до 8 наредниот месец.

Како што на целата овдешна јавност и е добро познато, со Државниот завод за статистика веќе пет години наназад, токму од февруари 2018 година, директорува Апостол Симовски, откако тој половина година претходно, односно од јуни 2017 година раководел со Заводот и како в.д директор на таа институција.

Според неговата биографија, Симовски и претходно бил на разни позиции во Државниот завод за статистика, а во еден подалечен период, од ноември 2005 до септември 2006 година, бил исто така директор на Заводот.

Симовски се смета за солиден директор на ДЗС, една од побитните државни институции, а како плус може да му се припише и успешното реализирање на пописот, кој се одржа во 2021 година, и кој, наспроти бројните политички критики и опструкции, успеа да ги прибере без посериозни проблеми најбитните статистички податоци за државава.

Симовски веројтно има право на уште еден мандат, и ако е така, нема да биде изненадување доколку се реши да се кандидира за уште едно четиригодишно директорување со Статистика, но тоа ќе биде лично негова одлука. Право да се пријават имаат и сите други кадри што ги исполнуваат наведените услови. Нештата ќе станат појасни откако огласот ќе заврши и ќе видиме кој се сака да директорува со Статистика, институција без чии бројки не би можело да се замисли нормалното функционирање на државата.

Оглас на владината веб страница, а и во дневни весници, е распишан и за Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Ова е функционер кој го именува Владата, на предлог на министерот за здравство. Следниве услови се наведени како потребни: да е државјанин на земјава, во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, да има стекнати најмалку 360 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование - медицински факултет и положен стручен испит, да има минимум пет години работно искуство во струката, да поседува меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години, а наведени се и дополнителни услови.

Коефициентот за платата ќе му биде утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата, а рокот за пријавување е до 8 февруари.

Како што е познато, Државниот здравствен санитарен инспекторат беше многу значајна државна институција за време на корона кризата во земјава, кога ги издаваше решенијата за изолација на заболените од коронавирусот. Таа институција играше важна улога и во контролите што се правеа во здравствените установи, главно по претставки од граѓани чии блиски починаа од коронавирусот низ нашите болници, со цел да се утврди одговорноста на одредени установи или медицински лица, а и контролата што се направи во тетовската болница која изгоре.

Со Државниот здравствен и пазарен инспекторат раководеше Ирина Бухова, но таа пред неколку месеци беше сменета и на нејзино место во септември лани дојде како в.д директорка дојде Рената Младеновска, специјалист по хигиена и здравствена екологија на Катедрата по хигиена на Медицински Факултет Скопје, која е и магистер по здравствен менаџмент.

Не е познато ни дали Младеновска ќе се кандидира на оваа позиција, ниту дали ако го стори тоа, таа ќе биде и владин избор за директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат., односно на крајот, одлуката сепак ќе треба да ја донесе Владата на седница.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци