Унгарија: Четири лица загинаа на спортски натпревар

by Fokus

Најмалку четири лица загинаа, а седум други се повредени во несреќа што се случи на унгарското рели Естергом-Нјергес.

Се уште не се познати точните околности на несреќата, трката е прекината, а на местото пристигнале неколку спасувачки хеликоптери.

Унгарските медиуми јавуваат дека еден од учесниците на релито изгубил контрола над автомобилот и излетал од патот, удрил во група гледачи.

Според досегашните информации четири лица загинале, а седум се повредени, пишуваат на полицискиот сајт.

 

Поврзани новости