Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека медиумите погрешно пренеле дека Европскиот парламент вчера има донесено резолуција во која се бара воведувае на санкции кон Русија, или во спротивно ќе и бидат ускратени пристапните фондови на ЕУ, оценувајќи дека ЕП донел само препораки, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ако на 79 отсто од пратениците на ЕП барањето е да го признаеме Косово и дека е тоа најбитната препорака, ова само потврдува дека доколку воведеме санкции кон Русија, утре би не потапкале по рамето, а задутре веќе би се појавила нова резолуција за признавањето на Косово, изјави Вучиќ и додаде дека „не е заинтересиран за меѓусебно признавање со Косово“.

Тој оцени дека е важна суштината на текстот и дека „не се во прашање само санкции кон Русија, тоа што го бараат од нас е многу потешко од воведувањето санкции-тоа што го бараат е меѓусебното признавање“.

Како што посочи, „синоќа 20 минути до полноќ разговарал со Брисел 50 пати и дека на секој збор реагирал“.

Вучиќ порача дека „не е посебно возбуден и дека ќе продолжи да слуша што му кажуваат, и дека одлуките ќе ги носи со почитување на својот народ“.