Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации

Од:

Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг на средбата со францускиот колега Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Париз.

На 10 мај се очекува итна специјална седница на Генералното собрание на ОН на тема прием на Палестина во Обединетите нации.

Палестина има статус на набљудувач во ОН, додека Израел е полноправна членка на организацијата од 1948 година, потсетува „РИА Новости“.

Претходно, извор од Советот за безбедност изјави за новинарите дека Алжир планира да побара итна специјална седница на Генералното собрание на ОН, каде се очекува да биде усвоена резолуција со која се препорачува Советот за безбедност да го преиспита прашањето за членството на Палестина во ОН.

Претходно, САД ставија вето на алжирската резолуција со која се препорачува Генералното собрание да ја прими Палестина во ОН.

Би можело да ве интересира

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Голем ракетен напад врз Тел Авив: Хамас објави дека е одмазда за убиството на цивили

Предраг Петровиќ

Борел: Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас

Горан Наумовски

Палестина повторно испрати барање до Советот за безбедност за прием во ОН

Песков: Русија ја признава државата Палестина

Полска објави дека поддржува решение со две држави за Израел и Палестинците