17.8 C
Скопје
21:38 - 7 мај, 2024

(Видео) „Дува силен ветар, ама…“: Се огласи Никола Роквиќ од патот кон Грција

Пејачот Никола Роквиќ одлучи да тргне пеш во Грција, односно до манастирот Свети Нектариј Егински, а по пат ќе собира средства за помош на многу семејства, но најважно на болните деца.

Пејачот вчера тргна од храмот Свети Сава, а на својот Инстаграм редовно ги известува своите следбеници за патувањето. Роквиќ зборуваше на вториот ден од подвигот и раскажа каква е ситуацијата по пат.

– Има силен ветер, но не е страшно, бидејќи нема дожд – рекол Никола во краткото видео кое го сподели на социјалната мрежа Инстаграм, а потоа повторно се огласи.

– Велам: „Добро е, не врне“. Луѓето убаво кажуваат: „Ќути, не зборувај“. Нека врне, се е во ред. Само да бидам среќен. На здравје, луѓе – изјави пејачкот.

Инаку, тој и неговата сопруга Бојана основаа фондација која ќе им помага на најзагрозените.

– Ве информираме дека јас и Никола ја основавме фондацијата „Семејство“ која ќе се занимава со зачувување на традиционалните вредности и семејството како институција и како свето место. Фондацијата ќе им помага на семејствата со многу деца, ранливите, талентирани и болни деца. И нашата прва мисија ќе биде помагање на детската онкологија – изјави сопругата на пејачот.

Слични објави

Колку чини Евровизија: „Солени“ цени се во игра

еспресо

(Фото) Катарина Ивановска го покажа новиот дечко: Манекенката уживаше со него во Италија

Еспресо

„Игра како стриптизерка, како да…“: Српскиот пејач жестоко удри по Теа Таировиќ

Еспресо

(Фото) Сека Алексиќ направи добро дело, па сега мора да оди на суд поради тоа!

Еспресо

Петар Грашо го коментираше доаѓањето на новороденчето: „Нè радува што гледаме колку луѓе се радуваат со нас“

Еспресо

Ана Николиќ се вселила во стан кај Рале, соседите открија мрачни тајни: Се расправаа со недели

Еспресо
Се вчитува....