Уапсен Германец, кој наводно испраќал разузнавачки информации до Русите

 

Германски државјанин е уапсен на аеродромот во Минхен под обвинение за предавство, бидејќи наводно во дослух со разузнавач и дал разузнавачки податоци на Русија, соопшти денеска Канцеларијата на главниот државен обвинител.

Мажот, идентификуван како Артур Е., бил уапсен во неделата по пристигнувањето во Германија од САД, пренесува Ројтерс.

Се вели дека е соработник на Карстен Л., вработен во германската разузнавачка служба (БНД), кој беше уапсен во декември под обвинение дека шпионирал за Русија.

26.01.2023 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа