Сто и осумдесет пакети со по 11 килограми прехранбени производи, кои биле без соодветна документација, открила полицијата во комби во близина на скопското село Танушевци. Како што соопшти денеска МВР, завчера (25 февруари) во 14.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци пресретнале возило комби со косовски национални ознаки, кое се движело кон границата со Kосово. -Откако ги забележале полициските ...
Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска кое било транспортирано во возило кое го запленило Министерството за внатрешни работи од непознат сторител, информираше Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Месото било спакувано во 180 пакети по 11 килограми и во моментот ...