Куќи од дрвја налик на гнезда

17.01.2024 11:58
Куќи од дрвја налик на гнезда

Патрик Доерти е скулптор кој користи живи дрвја како необичен медиум за изработка на скулптури. Тој има создадено над двесте скулптури специфични за локациите на кои ги поставува, со ткаење на фиданки од дрвја претворајќи ги во колиби, стомни за вода, кожурци итн.

Меѓу неговите инсталации, најпознати се куќите налик на гнезда кои ги изработува ширум светот. За изградба на овие куќи кои наликуваат на гнезда, Доерти користи различни видови дрвја, вклучувајќи бреза, трепетлика, јавор и други видови, од кои создава колиби со висина од 20 до 40 метри. За жал, поради природата на дрвјата, неговите дела не можат да траат долго.

Пренесуваме дел од највпечатливите дела на Патрик Доерти.

 

Музеј на современа уметност во Хонолулу

Кружен тек во Центарот за уметност на заедницата Талахт во Даблин, Ирска

„Едноставни задоволства”, во Музејот за уметност на колеџот „Боудин”, САД

„Повикот на дивината” во Музејот на стакло во Такома, Вашингтон

„Надвор напред” во Музејот на уметност „Сарасота” во Флорида

„На Хале ‘Ео Вајави” во Музејот на современа уметност во Хонолулу

„Блиски врски”, во Шкотскиот круг на создавачи на кошеви

„Хокус Покус” на фармата „Горчливо-слатка” во Енис, Северна Каролина

„Лесен јавач”, во Дамбартон Оукс, Вашингтон

„Монашка колевка”, на колеџот „Свети Бенедикт ” и Универзитетот „Свети Џон”

„Валцер во шумата”, во Арборетумот „Морис” на УПА, Филаделфија

„Летна палата”, во Арборетумот „Морис”, Филаделфија

Палатата „Уф да” во Минесота, Пејзажен Арборетум

Извор: https://themindcircle.com/

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото