Утрински Весник
Македонија

Петровска објави скандал: ВМРО-ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статутот на партијата

Image 9.png

Во ТВ соочување на Канал 5 Телевизија, носителката на изборната листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ Шест, Славјанка Петровска порача дека ВМРО-ДПМНЕ е пример за лажен патриотизам.

“Името Македонија го нема во вашиот Статут кој го сменивте во 2021 година. Замислете, партијата која тврди дека е најнационалната и најпатриотска партија, ниту еднаш не е спомнато името Република Македонија или Република Северна Македонија. Тој статут на ВМРО-ДПМНЕ зборува за кукавичлукот и за предавството, на народот му е преку глава од лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ“ ѝ и реплицираше Петровска на носителката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

Тоа предизвика нервоза кај Стојаноска, па таа се закани дека ќе ѝ ги фрли листовите на Петровска.

Можете да прочитате

Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Пендаровски: Силјановска ја цитира бугарската УДБА