Макрон во разговор со Нетанјаху: Неопходно е да се избегне ескалација на Блискиот Исток

Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повтори ставот на Париз дека е неопходно да се избегне ескалација на Блискиот Исток.

„Тој исто така рече дека е важно да се спротивставиме на напорите на Иран за дестабилизација на регионот“, објави Елисејската палата.

Макрон, се додава, му рекол на израелскиот премиер дека Франција сака итен и траен прекин на огнот во Газа, како и да работи на намалување на тензиите на границата меѓу Израел и Либан, пренесува Ројтерс.

Текстот Макрон во разговор со Нетанјаху: Неопходно е да се избегне ескалација на Блискиот Исток е превземен од МАКФАКС.