Детски песни, игра и смеа го реализираа настанот „Велигднски игри без граница“ во ЗОО парк „Бриони“

Детски насмевки, игри и смеа преовладува денес во ЗОО парк „Бриони“. Во пресрет на овој убав велигденски празник заедно во соработка со локалната самоуправа и градинката денес по трети пат се организираше “Велигденски игри без граници“, па се надеваат дека ќе прерасне во традиција.

„По повод велигденските празници ЗОО парк „Бриони“ во соработка со Општина Штип и градинките во Општина Штип го организира третиот по ред настан “Велигденски игри без граници”. Настан во кој учествуваат децата, настан од децата за децата, настан во кој имаме разни игри со цел анимација на децата, славење на велигденските празници на симоболот на христијанството и јајцата. Овој настан преминува во традиција во кој ние како ЈП учествуваме со организацијата заедно со Општина Штип и се надеваме дека ова прекрасна традиција ќе продолжи и во годините кои следуваат.“ – изјави Зајков

Денешниот настанот е од деца за деца, за славењето на велигденските празници и симболот на христијанството и јајцата.

„Да да треба да има вакви почести манифестации за децата. За децата значи традиција да си ја почитуваат да знаат од каде потекнуваат.“ – велат родителите

Родителите и дечињата пресреќни и исполнети бидејќи овој убав исполнет сончев ден го минуваат корисно се рекреираат и забавуваат. Велат дека ваквите настани треба почесто да се организираат со цел дечињата да можат да се дружат почесто.

Лаура Стојанова, М-Нет