16.8 C
Скопје
09:49 - 6 мај, 2024

Мелина Џиновиќ за своите деца: „Мило ми е што Кан не е како Џина“

Познатата модна дизајнерка Мелина Џиновиќ неодамна се разведе од пејачот Харис Џиновиќ со кој беше вљубена повеќе од две децении и со кого беше во брак 10 години.

Џина Џиновиќ првично беше во добри односи со нејзината мајка Мелина, па ја посети во нејзиниот нов дом во Нов Белград, а потоа нивните односи се заладија и таа ја исклучи мајка си од своите социјални мрежи, за што наголемо се зборуваше.

Подоцна, се зборуваше дека ги хармонизирале односите и дека се повторно во контакт, па Џина повторно ја вклучи мајка си на нејзиниот инстаграм-профил. Кан, од друга страна, цело време не е во контакт со мајка си, што Харис јавно го потврди.

Мелина своевремено зборуваше за нејзините деца и изнесе бројни детали.

„Мило ми е што Кан не е екстравагантен како Џина. Често слушам дека луѓето тоа го зборуваат, но јас немам проблеми со децата. Немам сега тука дрво во кое би чукнала, но пресреќна сум во какви луѓе растат. Навистина се на возраст кога се друго им е подраго, имаат свој круг на пријатели, свои интереси, затоа јас се трудам да не советувам. Повремено нешто ќе дофрлам, чисто да земат предвид. Не е ова време какво што некогаш беше. Се учам да замолчам и да бидам трпелива, зашто верувам дека децата на родителите им се враќаат кога ќе наполнат дваесетина години“ наведе не така одамна Мелина и наведе дека ѝ е мило што го бараат својот пат.

„Кан е посветен на спортот, Џина пак, размислува за факултетот, а почна да работи и некои кампањи, со што на почетокот јас не се согласував, но кога видов каква среќа ѝ претставува, колку е вредна, не можев ништо друго да направам освен да ја поддржам“, додаде Мелина за „Стори“.

Слични објави

Јелена Карлеуша за Драгана Мирковиќ: „Слободно јави ми се, не кревај раце од мене!“

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 6 мај: Нови познанства за Вагите, Скорпиите да бидат внимателни

еспресо

(Видео) Мадона одржа концерт на Копакабана: Над милион и пол луѓе ја чекаа ѕвездата

еспресо

Зорица Брунцлик и Кемиш во солзи на Велигден: „Сакав да умрам, не можев да зборувам…“

Еспресо

(Фото) Се огласи поранешната сопруга на Харис Џиновиќ: Мелина реагираше на објава на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Цеца на полноќна литургија: „Верник сум…“

еспресо
Се вчитува....