Поврзете се со нас

Шпанија

Најлош пенал во поновата историја на Ла Лига: Будимир се посрамоти за сите пари во 97. минута (Видео)

Објавено

на

Валенсија преживеа на жешкото гостување на Памплона и освои важни три бода во битката за местата кои водат во Европа, но „лилјаците“ мораа да страдаат до самиот крај за да го одбранат голот кој го постигна Андре Алмеида.

Гостите од „Месталја“ рано поведоа и се бранеа во останатиот дел од мечот, а кога се чинеше дека се блиску до триумф, Уго Гилјамон направи пенал во 94-та минута.

Судијата доста се двоумеше и му беа потребни три минути за да донесе одлука со помош на ВАР, но на крајот покажа на белата точка и Осасуна доби шанса за реми.

Будимир се избори за пеналот и ја презема одговорноста, но непишаното фудбалско правило повторно стапи на сцена и Хрватот се посрамоти за сите пари.

Напаѓачот на Осасуна изведе еден од најлошите пенали во историјата на шпанскиот фудбал, па Мамардашвили само лесно ја зграпчи топката во свои раце.

Пеналот погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни