Според директорот на Центарот за исчезнати и малтретирани деца Игор Јуриќ, во случајот со исчезнувањето на двегодишното девојче Данка Илиќ во Бањски Поле кај Бор, сомнителни се сите околности, како и изјавите на блиските роднини на девојчето, кои се контрадикторни. Додава дека времето е суштински фактор во потрагата.
„Ова е многу специфичен случај, пред се поради возраста на детето, а имајќи предвид дека детето е целосно немоќно да направи нешто самостојно, тогаш се се сведува на околината и луѓето околу детето. Ми се чини дека таму нема човек кој е во близина, а да не е сомнителен. Не вперувам прст кон никого, туку објективно гледам на фактите кои се актуелни во моментот и кои укажуваат дека сомнежот мора да постои и постои поради сите тие факти“, изјави тој за агенцијата Танјуг.
Јуриќ вели дека мотивираноста на луѓето и припадниците на МУП на терен е показател колку сериозно се работи на случајот и колку енергија и сила е вложена во решавањето на овој случај.
„Верувам во чуда. Имам и имам надеж, но стравот кај мене расте и сигурен сум дека кај голем број граѓани“, рече тој.