Посетител во „Крокус“ успеал да совлада еден од терористите: Видов ужас во очите на сопругата и морав да реагирам

Маж, по име Михаил, кој завчера бил со сопругата во концертната сала „Крокус“ ​​за руските медиуми изјавил дека совладал еден терорист и му го одзел оружјето.

Според неговите зборови, тој во моментот на нападот ја оттурнал сопругата, потрчал кон терористот, ја грабнал неговата автоматска пушка, ја одзел и почнал да го удира напаѓачот по главата, пренесува РТ.

„Ја погледнав сопругата и го видов ужасот во нејзините очи. Сфатив дека морам да направам нешто“, рекол мажот во интервју за ТВ каналот „Россија 24“.

Според самиот херој, терористот се обидел да побегне, но тој го држел за врат. Потоа на помош дошол друг маж кој помогнал напаѓачот да биде совладан.

„Беше ужас. Сфатив дека ако одложам, ќе ме убие и мене и мојата сопруга. Морав да го нападнам тој злосторник. Тој направи грешка што остана сам“, рече Михаил

Back to top button
Close