Мајка бара помош да ја најде малолетната ќерка изгубена утрово

Мајка преку социјалните мрежи бара помош да ја најде својата малолетната ќерка која се изгубила утрово.

Скопјанката Зорица Ѓорчевска на социјалната мрежа Фејсбук објавува фотографии од својата ќерка Вања која тргнала на училиште по што цели шест часа не е достапна.

,Утрово во 7.20 мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и се губи секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар Маало на пат кон училиштето Песталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на 075 400 816″, пишува вознемирената мајка.

Линк до објавата на мајката

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02VyZrmZ22r91py821YGVX1RfdRrxLDRPYeXZ4AHe37rpLN2S52jNEZWxRJ4CCp9Pul&id=1049546370&mibextid=Nif5oz