За ЈО не е предмет на интерес што СДСМ со фалсификувани документи создава лажен скандал

За ЈО не е предмет на интерес што СДСМ со фалсификувани документи создава лажен скандал

Јавното Обвинителство нема да постапува по допрен глас за лажните вести за наводно нарачување лажни вести. Црната кампања која СДСМ ја започна против ВМРО-ДПМНЕ за обвинителите не е предмет на интерес.

Инструментот на допрен глас, како и до сега, се користи доколку органите надлежни за откривање на кривични дела не постапуваат согласно надлежностите. Самата политичка партија во конкретниот случај веќе најави дека има намера да бара правна заштита и преку механизмите за граѓанска одговорност за клевета, велат од Јавно обвинителство на Македонија

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ со фалсификувани документи создава лажен скандал поради очајниот рејтинг што го има. Опозициската партија прашува дали во целата измислена афера е вмешан израелскиот пи ар стратег Асаф Исеин. Додаваат дека контроверзниот експерт е дел од група за пласирање лажни вести, црна кампања и за одлагање на избори или намалување на излезност, нешто за што пишувал и британски Гардијан.

„Во Велика Британија се опишани како тим кој нуди мешање во избори, работеле во над 30 држави ширум светот, а работат и за корпорации за уништување на конкуренти… СДС повеќе не може да бега од одговори. Особено откако Пендаровски призна дека лицето е ангажирано, а јавноста вчера беше жртва на црна кампања од СДС со злоупотреби на медиуми за пласирање на фалсификувани документи“ изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ пак велат дека мора да има одговорност за како што тврдат лажните анкети објавени на Националната телевизија МТВ а кои според нив се нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Тврдат дека била разотркирена целата шема и оперативен план на опозициската партија подговтвен од Републичкиот изборен штаб на опозициската партија.

Шема за пласирање лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, за пласирање лажни вести, но и други активности. Во подрумите на Белата палата се договарале емисии за анализирање на анкети од ИПИС, се дефинирал составот на гостите на емисијата со 3 опозициски аналитичари дури имало и одговорен за ширење лажни вести преку т.н. „дувла“, велат од СДСМ.

Целата афера започна преку интернет портал кој објави наводни документи, а потоа СДСМ на прес конференција излезе со обвинување дека ВМРО-ДПМНЕ нарачува местени анкети кој се пласираат на државната телевизија.

Сепак, документите кои ги објави порталот а потоа и владејачката партија имаат низа недоследности – лажни имиња, згрешени презимиња, фалсификувани потписи, погрешни датуми. Во нив се наведува и дека во декември била одржана првата седница на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ иако тој бил формиран во февруари.

Инаку обвинувањата од СДСМ ги демантираа и МТВ и Институтот ИПИС.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста