Познати сите групи на женското ракометно ЕВРО 2024

Денеска во Виена беа извлечени групите за престојното Европско првенство за ракомет жени. Македонија се најде во групата А заедно со Шведска, домаќинот Унгарија и Турција, и ќе игра во Дебрецен, Унгарија.

Беа извлечени и другите групи. Европскиот првак Норвешка одбраната на трофејот ќе го почне во групата со еден од домаќините Австрија, потоа Словенија и Словачка. Вицепрвакот Данска ќе игра со Швајцарија, Хрватска и Фарски Острови. Србија е во група со Црна Гора, Романија и Чешка.

Се вчитува...