Лефков: Стево Пендаровски е завршена приказна на македонската политичка сцена

-Пендаровски во изминативе пет години го гледавме често како се демантира себеси, или ќе демантира некого од власта или ќе го демантира некоја институција или ќе беше демантиран од надвор. Така да ќе му стигне еден силен демант за она што го кажува и тоа на денот на изборите, го подготвува народот демантот. На Стево Пендаровски ќе му треба еден долг залет за да прејде на друго ниво“, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Toj додаде дека не може да се бара друго ниво од Пендаровски кога тој не знае да се однесува на средби и потсети на тоа кога му се обраќаше Пендаровски со „љубави“ на Бојко Борисов. Потсети и како Пендаровски имаше слики со наркобосови и дилери.

„Овде имаме двојна ситуација, ако кажете дека не сте знаеле со кој сте сликани. Ќе ве потсетам која е улогата на претседателот на државата, а тоа е безбедноста на државата. Претседателот претседава со националниот совет за безбедност. А, од друга страна, ако кажете дека сте знаеле со кој се сликате тогаш имате навистина проблем со интегритетот“, укажа Лефков говорејќи за сликите на Пендаровски со наркобосовите и дилерите.

Посочи дека Пендаровски ништо не направи за да се спречи хаосот со патните исправи, туку дозволи власта граѓаните да ги затвори како во конзерва.

„Не направи ниту еден обид за средба надвор за олеснување околу ситуацијата со личните документи. А, тоа се проблеми кои што ги имаат секојдневно нашите граѓани“, рече пратеникот. „Најодговорно тврдам дека е завршена приказна на македонската политичка сцена“, нагласи Лефков.