Илон Маск за потенцијалните опасности од хипер интелигентната вештачка интелигенција

Илон Маск во повеќе наврати има зборувано за опасностите од супер интелигентната вештачка интелигенција. Познат е и неговиот апел да се паузираат истражувањата на вештачката интелигенција додека не се реши проблемот со т.н. „порамнување“ или додека не се формира некое регулаторно тело кое ќе има контрола над АИ.

Маск скоро има започнато најнова компанија наречена X.ai Corp. Целта на оваа компанија е да создаде т.н. ‘TruthGPT’:

Вештачка интелигенција која се грижи за разбирање на универзумот и веројатно нема да ги уништи луѓето бидејќи ние сме интересен дел од универзумот.

Клучен збор е „веројатно“. Во најновото интервју со Такер Карсон тој зборува за опасностите на вештачката интелигенција.

Ова е резимето на видеото составено со помош на АИ апликацијата you-tldr, која може за неколку секунди да сумира видеo, па самите проценете дали функционира:

Илон Маск долго време размислува за вештачката интелигенција и верува дека тоа би можело да има големо влијание врз иднината. Тоа потенцијално ќе резултира со т.н. „сингуларност“, термин позајмен од астрономијата, кој реферира на црна дупка – со значење дека не можеме да знаеме што ќе се случи потоа.

Тој смета дека со вештачката интелигенција треба да се внимава и дека треба да постои владин надзор, бидејќи таа може да биде опасност за јавноста. Маск е застапник на регулативата за вештачка интелигенција.

Илон Маск сугерира дека регулативата треба да започне со група која бара увид во вештачката интелигенција, бара мислења од индустријата и предлага донесување правила. Тој верува дека вештачката интелигенција е поопасна од погрешното производство на авиони или автомобили бидејќи има потенцијал за цивилизациско уништување.

Вистинскиот проблем со вештачката интелигенција е потенцијалот таа да ги „контролира мислите“ на луѓето преку зборови, и за тоа треба да се грижиме, особено кога станува збор за следните претседателски избори.


Последниот пасус всушност се однесува на сумирањето на Такер од разговорот со Илон. Освен тоа, она што АИ апликацијата има пропуштено да го сумира е разговорот на Маск со Лери Пејџ (основач на Google) кога биле блиски пријатели.

Од разговорот Маск разбрал дека Лери не ја сфаќа безбедноста на вештачката интелигенција доволно сериозно. Лери има дадено многу јавни изјави во кои вели дека целта на Google е AGI (вештачка општа интелигенција).

Во разговорот Илон нагласил дека (истражувачите на ВИ) мора да се погрижат дека човештвото ќе биде заштитено, а Лари го нарекол „видист“ (анг. „speacist“). Дури и да било шега тоа зборува многу за опасноста во која се наоѓа човештвото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *