Македонија

Палестинци уапсени на Попова Шапка

На 27.04.2024 околу 17.00 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Попова Шапка на регионалниот пат Попова Шапка-Тетово поточно на „Шипковачка кривина“ затекнале четири лица без документи за идентификација. Според нивно кажување станува збор за Х.О.(21), А.М.(21), М.Н.(27) и Ј.С.(24), сите од Палестина.

Со нив бил извршен службен разговор и било констатирано дека во државата влегле на илегален начин, со цел потоа да преминат во Косово.

Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Тетово, по што ќе бидат пренесени во Прифатниот центар Табановце.

На почеток