Баерн Минхен остана без двајца клучни играчи пред реваншот со Арсенал

Фудбалерите на Баерн Минхен одиграа 2-2 на гостувањето кај Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите и имаат активен резултат пред реваншот. Сепак, денес пристигнаа лоши вести за навивачите на „баварците“ и за тренерот Томас Тухел.

Стрелецот на првиот гол за Баерн Минхен на дуелот против Арсенал, Гнабри, ќе го пропушти реваншот поради повреда на мускулот која ја добил на дуелот во Лондон. „Баварците“ официјално ја потврдија повредата, но не објавија колку ќе биде Гнабри надвор од терените.

На реваншот со Арсенал нема да настапи ниту Алфонсо Дејвис, но тој ќе паузира поради жолти картони.

- Оглас -

Најнови вести