20.8 C
Скопје
29. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден маж од Гостиварско, со мотоцикл излетал од коловоз

Вчера во 13 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Седек Костовски“ во Гостивар мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки управуван од 49-годишниот Л.Л. од гостиварско Чајле излетал од коловозот, извести СВР Тетово.

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, додаваат од СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи.

Спонзорирано: