Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Не верувам во концептот на независен кандидат. Со самото тоа, тука е многу јасно каква е релацијата меѓу партијата и кандидатот, бидејќи ако не ве поддржи една од големите партии, вие немате никакви шанси да освоите што било, истакна универзитетскиот професор, Ненад Марковиќ во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.

„Тој концепт дека некој е граѓански или независен кандидат по мене не постои. Вие сте кандидат на таа партија, таа партија е зад вас и тоа е тоа, тоа е апсолвирано“, вели Марковиќ.

Според него, голема штета е што јавноста остана без мастер дебата во која требаше да се соочат сите седум кандидати.

„Меѓутоа, тоа мене не ме шокира многу. Мислам дека она што е хендикеп на овие претседателски избори е што темите веќе беа преџвакани претходно 1.000 пати. И дека ништо ново или оригинално или нешто што би фасцинирало, би изненадило, би импресионирало, не се појави. И кога отприлика ги знаете ставовите на седумте кандидати од кои шест од седум имаат ставови кои се разликуваат во нијанси по однос на клучните прашања, истовремено тој опсег на прашања е многу тесен, врзан за нашата најнепосредна реалност и претходно е преџвакан, јас не знам и што би разговарале на таа мастер дебата и колку ние би можеле да имаме некаков бенефит. Па и не ми е многу криво што ја нема, искрен да бидам, рече Марковиќ.

Тој нагласи дека ништо не се разликува во оваа дебата од она што главните кандидати го зборуваа пред пет години, ништо не се разликува од она што партиите го најавија дека нивните кандидати ќе го зборуваат и нема ништо импресивно во самите настапи на кандидатите.

„Мислам дека целата претседателска кампања помина во еден антиклимакс, немаше никаков ефект на шок, на зачуденост, на она што е основна лекција во политичкиот пи-ар дека треба малку да ги изненадите граѓаните и да ги шокирате за да ги мобилизирате“, смета Марковиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Излетничките места полни со граѓани за 1-ви Мај

Дејан Дејан

Европски фронт и Вреди уште не решиле дали и за кого ќе гласаат на вториот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Каевски и Мојсовски ги отфрлија обвинувањата за злоупотреба на спортски ваучери, велат тие се политички мотивирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе