Денвер ќе бара начин да го запре Едвардс, нова битка на старите ривали Никс и Пејсерс (Фото)

Почеток на серијата помеѓу старите лути ривали Њујорк никс и Индијана пејсерс, и втор меч од западното полуфинале помеѓу Денвер нагетс и Минесота тимбервулфс, се на вечерашната програма во кошаркарската НБА лига.

Во понудата на Sport Life, освен стандардните игри поврзани со мечот и разните статистики, има и голем број индивидуалци, на кои може да се обложите колку поени ќе дадат, колку скокови ќе соберат или колку асистенции ќе додадат. Истотака, тука е и популарниот микс од поени, скокови и асистенции.

Јасно е дека може да се очекува ефикасна игра на Никола Јокиќ од Денвер и Ентони Едвардс од Минесота. На првиот меч кој гостите изненадувачки го добија со 106-99, Јокиќ даде 32, а Едвардс дури 43 поени. Едвардс има серија од три меча по ред на кои дава над 35 поени.

Многу високо, на 34,5 поени, е поставена границата на поени кај Џејлен Брансон од Њујорк никс.

Денвер е голем фаворит за победа според квотите во Sport Life, а интересно ќе биде да се виси како ќе реагираат, бидејќи во минатата сезона кога ја освоија титулата, во ниту една плејоф серија не гибеа со 0-1, па сега се на „непозната територија“.

Никс е фаворит за водство од 1-0 против Пејсерс, но гостите од Индијана не се слаб тим кој треба да се потцени. Индијана во првото коло го елиминираше Милвоки, но кај Бакс го немаше Јанис Адетокумбо, на последните мечеви ни Демиен Лилард. Индијана имаше 2-1 против Њујорк во нивните дуели од регуларната сезона. Никс во 2000 година последен пат беа во финалето на Истокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести