Поврзете се со нас

Англија

Касемиро го давеше Хјуз на „Олд Трафорд“, „волците“ го уништија Ливерпул (ВИДЕО)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед им се врати на победите во Премиер лигата и тоа во дуелот против Кристал Палас кој го реализираше со 2-1.

Ова за „црвените ѓаволи“ беше осмо славје на „Олд Трафорд“, а истото го донесоа Фернандеш и Рашфорд. Меѓутоа не беше се идеално за домаќините на овој дуел затоа што Касемиро заработи црвен картон во 70 минута и тоа откако во една мешаница почна да го дави Хјуз.

За Бразилецот ова беше директно исклучувања што значи дека ќе мора да ги пропушти трите наредни средби за својата екипа што секако е сериозен удар за Јунајтед.

Кога е во прашање споменатиот меч вреди да се напомене дека Шлуп беше автор на погодокот за Кристал Палас.

Ливерпул пак продолжува со лошите резултати, а најновиот дојде против Вулверхемптон кој ги совлада со 3-0. Матип (автогол), Досон и Невеш беа автори за головите за триумфот на „волците“.

Останати резултати: Астон Вила-Лестер 2-4, Брајтон-Борнмут 1-0, Брентфорд-Саутемптон 3-0

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни