Јапонија воведе дополнителни санкции за Русија

Од:

Јапонија денеска ја прошири листата на забранети производи за извоз во Русија и замрзна имот на руските официјални лица и субјекти.

Одлуката е донесена по вчерашните руски напади ширум Украина, при што загинаа 11 луѓе.

– Со оглед на ситуацијата околу Украина и со цел за придонесување во меѓународните напори за обезбедување мир, Јапонија ќе спроведе забрана за извоз во согласност со другите големи земји, се наведува во соопштението на јапонското Министерството за економија, трговија и индустрија.

Како дел од новите санкции, Јапонија, меѓу другото, од 3 февруари ќе забрани испорака на производи на 49 организации во Русија, кои би можеле да ги користат за подобрување на руските воени капацитети.

Јапонија, исто така, ќе ги замрзне имотите на три ентитети и 22 поединци во Русија, вклучително и воздухопловната компанија АД Иркут, на производителот на ракети земја-воздух ММЗ Авангард, на заменик-министерот за одбрана Михаил Мизинцев и министерот за правда Константин Чуиченко, како и 14 лица поврзани со анексија на делови од југоисточна Украина.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков