Матеус со сугестија за Баерн Минхен: Имам идеја…

По најавеното заминување на Томас Тухел на крајот на сезоната, Баерн Минхен мака мачи да ја најде неговата замена. Чаби Алонсо ги одби баварците, а истото го направија и селекторите на Германија и Австрија, Јулијан Нагелсман и Ралф Рангник.

Интерес да го превземат германскиот гигант немаат ниту Роберто ди Зерби и Унаи Емери па тимот се наоѓа пред тежок предизвик да го избере тренерот кој следната сезона треба да погрижи, пред се да ја врати титулата во домашното првенство.

Баерн Минхен е во тешка ситуација, а истата ја прокоментира и легендата на клубот, Лотар Матеус во разговор за „Скај Спортс“.

„Имам идеја уште од четвртокот. Ханси Флик, тој го познава клубот. Преговараше со Барселона која донесе друга одлука. Кога би имал целосна поддршка зошто да не?“, изјави Матеус.

Доколку се реализира замислата на Матеус тоа би значело и враќање на Флик на добро познатото место. Германецот го предводеше Баерн Минхен од 2019 до 2021 година. На 86 натпревари забележа 70 победи, осум нерешени средби и само осум порази, освојувајќи ја Лигата на Шампиони и уште шест трофеи.

Се вчитува...